Databases@FCSE

Databases@FCSE News

World News

Student DB Projects

Student Projects - 2017-2018 - COMESTOR

Наслов: Библиотечен систем Comestor

Акроним: comestor

Апстракт:

Целта на Comestor е поврзување на библиотеките во рамки на една држава во унифициран систем, каде што секој корисник има можност да изнајмува книги од која било библиотека, со единствено наведување на одредишната библиотека од каде би требало да бидат подигнати книгите. Апликацијата сама одредува какво изнајмување треба да се направи (меѓубиблиотекарско или директно) врз основа на моменталната состојба на книгата и корисникот е известен кога книгата ќе биде подготвена за преземање. Дополнително, системот води евиденција за должината на изнајмувања на членовите, со што се спречува предолго поседување на дадена книга од некој член во случај кога има голема побарувачка за неа.

Апликацијата за своите корисници нуди и следење на online курсеви од различни области, кои се организирани по модули. Курсевите може да бидат бесплатни или платени, во зависност од нивната содржина.

Работењето на библиотеката и активноста на членовите може да се следат преку глобалната статистика која е достапна за сите членови на платформата и персонализираните лични статистики кои се приватни. На овој начин може да се добијат информации за: распределбата на членови според бројот на изнајмувања, предвидување на бројот на изнајмувања за дадена книга според моментално достапните информации, најчитан автор и најизнајмуван жанр за даден член...

Online корисниците на апликацијата имаат можност за нагодување на јавноста на нивните податоци. Доколку профилот на даден член е означен како јавен, останатите корисници имаат пристап до последно изнајмените книги на членот како и курсевите кои ги следи, со што се овозможува дополнителна интеракција меѓу членовите.

Тим:

Војдан Ќорвезироски – 152001

Ера Ајдарага – 152004

Екрани:

screenshot

Страница за пребарување на книги која нуди и напредно пребарување по издавачка куќа, автор, обележја...

screenshot

Преглед на книгите кои се избрани од членот за тековното изнајмување.

screenshot

Страница за лична статистика, прикажува распределба на типови изнајмувања и број на различни библиотеки од кои извршил изнајмување моментално најавениот член.

screenshot

Глобална статистика, прв дел, општи информации за целиот систем и групирање на членовите според тоа колку книги имаат изнајмено.

screenshot

Глобална статистика, втор дел, дополнителни информации за системот, како и визуелно прикажување на распределба на книги и кориснички сметки.

screenshot

Информативна страница за курс, во случај кога сè уште не е запишан од страна на членот.

screenshot

Детали за запишан курс.

screenshot

Форма за креирање на нова online сметка за член кој досега бил само offline член.

screenshot

Детални информации за дадена книга, заедно со препорака за слични книги според жанрот.

screenshot

Предвидување на текот на изнајмувања за дадена книга врз основа на веќе достапните информации. Делот од графиконот кој се заснова на реални податоци е со полна линија, додека пак периодот за кој се врши предвидувањето е со испрекината линија.