Наслов: Крводарителски систем
Акроним: KrvodaritelskiSistem
Апстракт:
Станува збор за крводарителски систем кој што е во вид на веб апликација. Главната замисла на овој проект е дарителите да имаат увид во своите дарувања без притоа да се губат тие важни информации. Оваа апликација нуди два типа на влез, кориснички влез и админски влез. Корисниците со креирани профили од страна на админите при првото доаѓање на некоја крводарителна акција, можат да се најават и да пристапат до информации од типот на која крводарителна акција биле,на која локација се наоѓала таа акција, колку пати дарувале крв, основни лични информации и самиот систем им овозможува доколку има наредна акција и тие смеат да даруваат(поминат е рокот од последното дарување), им се дава право да се пријават на анкета соодветна за таа акција. Доколку не е поминат соодветниот рок, анкетата нема да им биде пристапна. Додека пак од админска страна, админите ќе можат да се најават исто така и да им се овозможи пристап до листата од дарители , нивните информации(детали за тоа кога дарувале, колку пати дарувале, локациите на акциите на кои тие дарувале и личните информации за самите дарители). Воедно ќе може да регистрираат нов дарител и да ги внесат неговите лични информации, ќе можат да регистрираат нови акции. Доколку некој дарител дојде да дарува, а веќе е регистриран во системот ќе се овозможи опција за внесување на информации од типот на која акција дарува,во колку саат, колкаво количество на хемоглобин поседувал итн. Секако присутно е и креирањето на нова анкета за соодветна идна акција и таа анкета се испраќа до соодветните дарители за кои системот смета дека можат да даруваат во следниот период.
Тим:
Елена Ристевска 147001
Дарко Стојановски 132025
Јане Јаневски 148004
Екрани:
Страница за логирање на две типа на корисници, админи и луѓе што веќе имаат дарувано крв.
Страница за потенцијални дарители на крв за соодветна крвна група во итни случаеви
Страница гледана од страна на админот за одреден дарител, можност за измена на неговите податоци и додавање на наредни дарувања.
Измена на податоците на еден дарител.
Внесување на податоци за ново дарување на еден дарител.
Внесување на податоци на нова анкета.
Додавање на нов дарител во база.
Страница гледана од страна на дарител и преглед на неговите лични податоци и дотогашни дарувања.
Статистики
Анкета и термини за потенцијален крводарител на идна крводарителна акција.