Наслов: ReadyDeal
Акроним: rdydeal
Апстракт:
Апликацијата е наменета за објавување и преглед на онлајн огласи. На корисниците и овозможува да прегледуваат и креираат огласи од различни категории како мултимедија, електроника, автомобили, литература, живеалишта за продажба и за издавање, но и огласи кои не спаѓаат во тие предефинирани категории.
На логираниот корисник му ги прикажува неговите огласи, кои се најпопуларни, кои огласи се застарени и треба да одлучи дали да ги обнови. Препораки за други огласи кои може да му бидат од интерес врз основа на тоа што друго гледале корисниците кои ги разгледувале истите огласи како него, да ги разгледа огласите од категоријата која најмногу го интересира врз основа на претходните прегледи и која категорија има најголем вредност на односот на прегледи и времето од кога биле поставени огласите кои и припаѓаат. Ги прикажува најпопуларните огласи во последните 3 месеци.
Логиран корисник може да ја промени цената на неговите огласи, додека пак било кој кој има пристап до апликацијата може да ги разгледа сите огласи на почетна страна како и оние од дадена категорија на било кој корисник.
Тим:
Теодора Јордева 155003
Оливера Неделковска 155017
Екрани:
Почетна страна во која се прикажани најпопуларните огласи
Логирање на постоечки корисник преку неговото корисничко име и лозинка
Почетна страна за логиран корисник, неговите огласи, и некои други можности.
Регистрација на нов корисник.