Databases@FCSE

Databases@FCSE News

World News

Student DB Projects

Student Projects - 2017-2018 - Student Personal Organizer

Title: Student Personal Organizer

Acronym: studentpo

Abstract:

SPO is a web application designed for students, which allows them to manage their daily activities related to the studies. It integrates several modules such as:

A calendar of events where the student can create and share events with friends.

Module Tasks that allow for better scheduling and organizing of time, such as learning time, working on projects, working on tasks, etc. by inserting tasks with planned and used time.

A schedule where the student can create schedule with subjects, and also insert all courses , as well as update the grade of a subject.

Module Documents for uploading and sharing documents and materials with their friends.

Keeping records of the course of studies through various visualizations and statistics.

Make friends with other system users.

Communication through messages with other students in their friends list.

Team:

Sara Mitevska 138007

Gjoko Danev 155015

Screenshots:

screenshot

Почетен екран на апликацијата, каде што визуелно се прикажани бројот на задачи на студентот според статус и број на положени и неположени предмети според учебната година во која е слушан предметот. Листа со незавршени задачи со наслов и приоритетот на задачата и копче за додавање нова задача. Денешни часови со време на почеток на часот. Во горниот десен агол е даден бројот на нови непрочитани пораки. На овој екран има и поле за пребарување други корисници како и навигација до другите модули и можност за одјава од системот.

screenshot

На овој екран во листа се прикажани сите задачи што ги има внесено корисникот. Со клик на задача десно се прикажуваат деталите за истата, поточно насловот, опис, статус (кој исто така може да се ажурира со избирање друг статус од паѓачкото мени), приоритет, датум на почеток, рок за завршување на задачата, планирано, искористено (исто така може да се ажурира со клик на бројот при што се отвора модал со поле за внесување на искористеното време) и останато време за задачата. Исто така има и копче за додавање нова задача, при клик на кое се отвора модал со полиња за внесување на податоци околу новата задача (Слика 02.jpg).

screenshot

сДадени се полиња за внесување на податоци околу новата задача. Полето планирано време е пополнето автоматски односно дадено е предлог на извршување на задача како просечно време на извршување од минати задачи и според комплексноста на тие задачи, но може и да се промени.

screenshot

Календар на настани. Десно се листаат настаните од денес па натаму. Со клик на настан се отвора модал за споделување каде што се избира корисник (од листата на пријатели) со кој што ќе се сподели настанот. Под оваа листа се прикажуваат настаните споделени со корисникот. Со клик на копчето Add се отвора модал за додавање нов настан.

screenshot

Листа од прикачени и споделени документи. За секој документ постојат три опции: да се прегледа, да се избрише и да се сподели. Има можност за пребарување низ документите.

screenshot

Распоред со предмети. Можност за отстранување предмет од распоредот (предметот се брише само од распоредот но не и од предметите). Копче за додавање предмет во распоред.

screenshot

Додавање предмет во распоред. Се избира ден, време на почнување на часот, предмет (паѓачко мени со сите предмети кои што ги нема во распоредот) и просторија каде се одржува часот.

screenshot

Влезно сандаче со пораки. Се листаат сите примени пораки. Во горниот лев агол има паѓачко мени каде се избира кои разговори да се прикажат (Влезно сандаче, пратени пораки и корпа со избришани разговори). А до него има копче за почнување нов разговор односно нова порака. Со клик на разговор се отвораат сите пораки што ги содржи разговорот и поле за одговор во истиот разговор. Има можност за бришење на разговор при што пораките се преместуваат во корпа од каде може да се вратат или да се избришат трајно.

screenshot

Листа од предмети. Можност за сортирање на предметите по година со избирање на посакуваната година од паѓачкото мени. Со клик на предмет десно се прикажуваат детали за предметот каде што може да се ажурира оцената (со клик на истата) и да се ажурира статусот (исто така со клик на статусот). Исто така има и можност за додавање нов предмет.

screenshot

Листа со пријатели на корисникот со копче за бришење од пријатели. Истата листа се прикажува и како резултат од пребарувањето (во полето Search people) со тоа што доколку корисникот го нема пребараниот корисник во пријатели има копче за да го додаде во својата листа на пријатели или во спротивно да го избрише.